25 годишниот Слободан во Обреновац се преселил од Косово каде му биле убиени членови на семејството. Сега ги изгуби и 2 годишниот син и сопругата, но и натаму наоѓа сили да спасува животи во поплавениот Обреновац.

Храбриот Слободан кога почнале поплавите, ги однел сопругата и детето во Велико поље кај дедото, надевајќи се дека таму ќе бидат безбедни. Поради брзото надоаѓање на водата тие се качиле на покривот од куќата а дедото отишол да земе ќебиња. Кога се вратил ги немало на покривот - пренесува Информер.

Слободан се обидел да ги најде по прифатилиштата во Белград надевајќи се дека некој чамец ги спасил, но засега не успева никаде да ги пронајде.

- Им помагам на другите и се надевам дека барем ќе ги најдам нивните тела, да ги погребам како што доликува - вели овој млад човек.

Семејството на Слободан било убиено на Косово кога тој имал само 6 години.

И покрај сите големи животни трагедии, тој во најтешките денови за Србија неуморно помага да се спасат колку што можат повеќе животи./ извор: Ало.рс

Датум на објава: понеделник, 19 мај 2014 во 11:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:21

коментари

остави коментар