Во старечкиот дом Чезано Босконе кај Милано сместени се постари лица со потешкотии во расудувањето и памтењето, за кои 77-годишниот Берлускони ќе се грижи по четири часа неделно.

Во домот на општествено полезна работа често доаѓаат и лица осудени поради педофилија или алкохолизам.
Поради затајување данок во аферата Медиасет, Берлускони минатата година беше осуден на четири години затвор, од кои три му беа простени, а поради одминатите години, согласно италијанските закони, тој може да биде осуден само на ваква казна.

Датум на објава: петок, 09 мај 2014 во 11:01
Соња Поповска Петрушевска

коментари

остави коментар