- Македонија му покажа на остатокот од светот дека е посветена на демократскиот процес и уште еднаш покажа зрелост со одржување на мирни и демократски избори со интегритет. Сите институции треба да работат за да се решат проблемите и да се движат напред за доброто на иднината на земјата, рече Стојан Николов од ОМД.

Претседателот од ОМД, Методија А. Колоски ги повика лидерите на опозицијата да гледаат кон иднината, затоа што во демократијата, потребно е опозицијата да обезбеди надзор над владата, а место на опозицијата е во парламентот преку институционални механизми.
ОМД спроведе панел дискусија во Вашингтон во однос на иднината и предизвиците и можностите кои претстојат за Македонија.

Датум на објава: среда, 30 април 2014 во 09:07
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:45

коментари

остави коментар