16 годишниот посинок на 24 годишниот Бредли Блејмаер ги пријавил очувот и мајка си Тами Блејмаер(33) во полиција. Тие држеле 5 годишно дете чиј биолошки татко е Бредли, заклучено во мал орман под скалите, го изгладнувале и го тепале.

Кога полицијата пристигнала во куќата на Блејмаер во Спринг, Тексас, Тами која била во шестиот месец од бременост, веќе избегала со 5 годишното дете и се засолнила во мотел. Но, ја нашле.

Детето кое било во ужасна состојба веднаш било пренесено во болница, а родителите уапсени.

- Во мојата 30 годишна работа не сум видел вакво нешто. Детето беше исклучително неухрането, коските му се гледаа под кожата, имаше модринки, гребаници. На грбот имаше излупена кожа. Ужасна, ужасна ситуација - изјави заменикот началник на полицијата Марк Херман за „Kens5 “.

Кутрото 5 годишно дете живеело во хорор секој ден, а најстариот син на Тами која има вкупно 6 деца, решил тоа да го открие откако се скарал со сопругот на неговата мајка, Бредли.

Ова се монструмите кои од животот на детето направиле пекол.

Horrific: The boy's father Bradley Bleimeyer (left) and stepmother Tammi (right) allegedly locked the five-year-old boy under the stairs and starved him


Жената е пуштена од притвор со кауција од 2 000 долари, а таткото на детето е задржан без кауција. Тој од поодамна и бил познат на полицијата и издржувал условна казна за кражба. Ќе одговараат за загрозување на животот на 5 годишното дете./ извор: Дејли меил

Датум на објава: четврток, 03 април 2014 во 15:45
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:48

коментари

остави коментар
  1. Zosto postojat vakvi kreteni