Според првичните информации на индиските медиуми, во несреќата загинале сите петмина членови на екипажот на авионот.

Но, официјални извори тврдат дека спасувачката акција сé уште трае и не се исклучува можноста да има и преживеани.

И по потрагата која трае речиси три недели, нема трага од малезискиот патнички авион со 239 патници и членови на екипажот, за кој се претпоставува дека се урнал некаде во јужните делови на Индискиот океан.

Во потрагата по малезискиот авион од летот мх370 се вклучија преку 20 земји, а акцијата во јужниот дел на индискиот океан ја води Австралија. Но од утринава истрагата е пренасочена кон североисточните делови на индискиот океан по претпоставките дека авионот летал со голема брзина што придонело горивото побрзо да се потроши. Новата дестинација е илјада километри оддалечена од првичната каде досега се трагаше.

Датум на објава: петок, 28 март 2014 во 10:54
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 14:04

коментари

остави коментар