Работилницата се одржува во рамки на проектот МАК5007 - „Проценка и можности за имплементација на технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење во Република Македонија”, финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од Виена, Австрија.

Предавање на тема „Технологии за зрачење, нивна комерцијална примена и третирање на храната со јонизирачко зрачење“ ќе одржи Ивес Хенон, експерт кој преку 20 години работи во МААЕ.

Област му е стерилизација на медицински материјали. На јонизирачко зрачење е ангажиран од 1980 година, во Лабораторијата за третирање храна  при Француската комисија за атомска енергија, додека од 1987 работи за повеќе индустриски гиганти на изградба и раководење големи повеќенаменски постројки за јонизирачкото зрачење и медицинска стерилизација во Европа и Азија. Од 2006 Хенон како консултант е вклучен и во повеќе проекти од оваа област. 

Датум на објава: вторник, 25 март 2014 во 08:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар