Македонскиот транспорт ќе ја намали зависноста од солунското пристаниште преку изградба на пругата кон Бугарија. Веќе стартуваше изградбата на делницата Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8 еден од приоритетните и најважна инвестиција во железничкиот систем. Околу 500 милиони евра ќе се вложат во доизградба на пругата кон Бугарија која значително ќе го олесни и поевтини транспортот на стока.

Следната година ќе се гради втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, а веќе има проект за изградба на последниот дел од Кривата Паланка до границата со Бугарија. Комплетна нова пруга ќе има седум до осум години. Со инвестиција од 17,6 милиони евра се реконструираа три делници на пругата на Коридор 10. Оваа инвестиција ќе го забрза транспорт на стока бидејќи ќе се овозможи зголемување на брзината на возење на возовите.

Околу 60 % од возниот парк во Железница целосно ќе се обнови со нови вагони и возови. Од следната година граѓаните ќе се возат во нови возови. Со 50 милиони евра се набавуваат 4 патнички и 2 електормоторни гарнитури, ќе се реконструираат 6 локомотиви а веќе се набавија и 150 товарни вагони.

Ќе се реконструира железничката станица во Скопје и уште 10 други долж Коридорот 10. Со 2, 6 милиони евра инвестиции станицата во Скопје ќе добие нов лик по теркот на европските. Освен пругата кај Гевгелија,  Македонија ќе добие уште едно железничко поврзување со Грција. Во тек е тендерската постапка за изградба на пруга од Битола до Кременица. Се очекува да биде завршена за 18 месеци. 
  

коментари

остави коментар