Вложувањата се резултат на одлуките на Министерството за транспорт и врски за намалување на почетната цена за градежно неизградено земјиште од едно евро за квадратен метар како и намалувањето на комуналиите во соработка со општината од 95 отсто. Овие мерки се спроведуваат низ целата држава.

- Во последните три години од страна на Министерството за транспорт и врски продадени се 74 локации за индустриски објекти а во општините на Македонија што го имаат преземено управувањето со земјиште 243 локации. Тоа се над 300 локации и нашата цел и тогаш беше да се изградат нови индустриски капацитети за да се вработат голем број на луѓе и да ја намалиме невработеноста - изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Во мини индустриската зона кај Зубовце во моментот работат околу 40 луѓе. Најавите на сопствениците се дека до крајот на оваа година ќе бидат активирани сите капацитети со што тука ќе има вкупно стотина вработени лица.

коментари

остави коментар