По повод Светскиот ден на енергетска ефиксаност - 5 март, а во рамки на проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“ Агенцијата за развој од Струга смета дека ни е потребна поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Воведувањето енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија, според нив, придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина.

- Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка, без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори на енергија, кои се лесно достапни во руралните области и се целна група на нашиот проект, во најголема мера се неискористени и најчесто претставуваат отпад од самиот процес на производство, соопшти Агенцијата.

Инвестирањето во нови технологии, како што е наведено, ќе придонесе за нивно искористување, со што ќе се зголеми производството, ќе се создадат нови работни места и ќе се обезбеди социјална сигурност.

Проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“ го реалзиираат Локалната Агенција за развој во соработка од Струга со EuroPartners Development и Eco Partners for Systainable Development од Албанија во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија. /Извор: МИА/

Датум на објава: среда, 05 март 2014 во 15:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар