- За ова решение чекавме повеке од една година и конечно среката ни се насмевна. Огромна благодарност до Владата која се заложи и ни го реши животниот пробле, и ние да си имаме сопствен кров над глава. Многу сум радосна што празникот прочка ке го дочекам во мој сопствен стан, изјави еден од добитниците на социјални станови, Мира Георгиевска.

- Не знам како да ви опшима како се чувствувам ,освен пресрекно, но и помалку возбудено, што од наредните денови конечно ке си имам свој дом, дополни Ивана Чичева.

- Ова е добро, искрено се радуваме дека од по некој ден ја и моето четиричлерно семејство ке си имаме свој стан и нема повеке да даваме пари за кирија, искоментира Ферид Сулејманов - добитник на социјален стан.

Причината зошто се чекаше толку време, ја образложи првиот човек на штипската подрачна единица на ресорното претпријатие.

- Постапката за доделување на социјални станови ги помина сите потребни фази. Конечната позитивна одлука на Анти корупциската комисија становите да се доделат на избраните социјално загрозени семејства беше последното нешто во исполнување на сите неопходни правни процедури, изјави Томе Биновски – директор на п.е. на ЈПССДП – Штип.

Зградата со 91 стан од 36 до 50 метри квадратни корисна површина лоцирана е во штипската населба Сењак. Клучевите, добитниците на социјалните станови ке ги добијат в петок.

Датум на објава: понеделник, 24 февруари 2014 во 12:55
Дејан Ефремов

коментари

остави коментар