Гласањето во парламентот, во кои сега има мнозинство  довчерашната опозиција кога десетина пратеници од партијата на Јанукович преминаа во нивните редови ја презеде  целосната власт во земјата. „Ова е државен удар на бандити и терористи и вандализам“ рече Јанукович кој од утринава го напушти Киев и замина во Харков во близина на руската граница.

„Сведоци сме на враќање на нацистите , времето во 30 тите години од минатиот век, кога нацистите дојдоа на власт во Германија и во Австрија. Ќе направам се да ја заштитам земјата од поделби и до крвопролевање. Немам намера да дадам оставка – јас сум легитимен претставник и нема да заминам од земјата“ рече Јанукович.

Само неколку часа по ова интервју на Јанукович, парламентот му ја одзеде власта. Истовремено поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко по три години излезе од затвор. Таа беше осудена на 7 години затвор. Нејзини блиски соработници веќе се поставени на раководни позиции во земјата. За претседател на Собранието е избран Олександар Турчинов, а  Арсен Аваков за министер за внатрешни работи – Аваков важи за десна рака на Тимошенко и токму тој ке ја има улогата за смирување на тензиите но и за расчистување на случаите на насилство. Во меѓувреме се огласи и украинската армија која соопшти дека нема да се меша во политичкиот конфликт.

Ваквиот  брз трансфер на власта во Украина се случува неполни 24 часа  по потпишувањето на договорот за мирно решавање на кризата во Украина со кој Јанукович и опозицијата се договорија  за одржување на вонредни избори и формирање на преодна влада.

Датум на објава: сабота, 22 февруари 2014 во 17:58
Соња Поповска Петрушевска

коментари

остави коментар