- Оваа и следната година ќе работиме на доизградбата на Градскиот парк во Ѓорче Петров. Ќе го обновиме шеталиштето кое беше препознатлив имиџ во минатото. За овој простор планираме да распишеме конкурс за идејно решение со што значително ќе се збогатат содржините во паркот. Од раговорите со младите ни беше напоменато дека е потребно да се отворат кафулиња, ресторани и други забавни содржини за да заживее како во минатото овој дел. Рокот на реализација за овој проект е две години, изјави Митровски во Ренскиот парк каде што се одржата осмата априлијада за децата од основните училишта во Општината.

По повод осмата априлијада, најмладите денеска добија можност бесплатно да се забавуваат во забавниот парк Весела дружина, кој е во рамките на Реонскиот парк во општината.

Датум на објава: понеделник, 01 април 2013 во 14:14
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:58

коментари

остави коментар