Идејата за причината за проблемите се појавила благодарение на една од епизодите на популарната телевизиска серија „House“ во која британскиот лекар Грегори Хаус поставува дијагнози на нерешливи случаи, се наведува во приказот на медицинскиот случај објавен во специјализираното медицинско списание Lancet.

Еден од германските лекари кои го примил 55 – годишниот пациент упатен во Марбуршкиот центар за недијагностицирани болести во мај 2012 година се сетил на епизодата во која тимот на доктор Хаус се сомневал на труење со кобалт.

Сомнежот бил потврден и во реалноста и откриено е дека причина за проблемите е истрошениот вештачки колк кој бил заменет со керамички.

„Набрзо по замената на колкот концентрацијата на кобалт и хром во крвта почнала да се намалува и здравствената состојба на пациентот се стабилизирала“, се наведува во приказот на случајот.


Една година по замената на колкот, работата на срцето се подобрила за 40 проценти, немало веќе осипи на кожата и рефлукс. Слухот и видот на пациентот се поправиле делумно бидејќи оштетувањето од кобалтот било претешко.

Серијата доктор Хаус е работена по вистински медицински случаи.

Датум на објава: петок, 07 февруари 2014 во 12:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:52

коментари

остави коментар