Наставата пред неколку дена беше прекината заради недостиг од нафта со која се загреваат училниците во централното училиште во градот и во подрачните паралелки во селата Мислешево и Враништа.

Директорката на оваа воспитно - образовна установа Ана Столеска вели дека во зависност од временските прилики, ова количество нафта може да биде доволно најмногу за еден месец.

- Нафтата ја добивме во текот на вчерашниот ден. Колку ќе трае, тоа  зависи од температурите на воздухот. Ако е потопло времето, можеби најмногу еден месец. Се трудиме да заштедиме, но тоа во никој случај не го правиме на сметка на учениците. Сепак, поголемиот дел од училниците се наоѓаат на северна страна и се студени. Изминатиот период ја прилагодувавме наставата според условите, но не смееме да дозволиме децата да посетуваат настава во незагреани простории, изјави Столеска.

Лавдрим Елмази, советник за образование на градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, вели дека училиштата треба навреме да поднесат барање за да добијат нафта.

- Три дена пред да завршат количините, училиштето треба да направи барање, потсетува Елмази.

Вкупно 453 ученици во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во понеделникот ја прекинаа наставата поради тоа што нафтата што се користи за греење не беше испорачана навремено.

Датум на објава: среда, 29 јануари 2014 во 13:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар