Првите 75 вагони од вкупно 150 - те товарни вагони треба да бидат испорачани во јуни, а останатите до крајот на годинава, изјави премиерот Груевски, според кој инвестицијата за двата типа - товарни и плато вагони, изнесува 13,2 милиони евра.

„Владата преку проект на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нарача два типа на вагони. Првите се 150 товарни вагони од кои 75 затворени и 75 плато вагони. За нив лани во декември е склучен договор и првите вагони треба да стигнат во јули, а сите до декември годинава, изјави премиерот Груевски.

Патничките 6 композиции од кои 4 дизел локомотиви и две на електричен погон се во постапка на набавка која се одвива преку Европската банка за обнова и развој. Оваа инвестиција чини околу 24 милиони евра, вели Груевски.

„Во март годинава се планира да се склучи договор со компанија која би ги произвела и доставила шесте нови композиции за околу 18 месеци“, вели Груевски.

Според премиерот Груевски со товарните вагони и шесте композиции ќе се заменат околу 60% од возниот парк во железничкиот сообраќај, инвестиција која не е направена од осамостојувањето на Македонија.

Датум на објава: вторник, 28 јануари 2014 во 13:31
Маја Дамјановска
Обновено во: 14:18

коментари

остави коментар