Укранската армија соопшти дека во блокирањето на воените едници учествуваат околу 200 автомобили и 2.000 лица, меѓу кои има „радикално расположени млади лица“. Поради тоа, војската не може да го обезбеди јавниот ред во градот, се наведува во соопштението.

Непознати лица оштетиле и две армиски возила.

Во Ивано-Франковскиот регион втор ден по ред демонстрантите ги блокираат воени единици на Внатрешните сили, со цел да им го попречат патот за нивно заминување за Киев./МИА

коментари

остави коментар