Јанко беше дел  од „Големата охридска четворка“ резбари: Славе Атанасовски-Крстанче, Петар Калајџиев и Наум Донев.

Димче Јанко учел резба во Резбарското училиште во Охрид, а потоа и во Пловдив- Бугарија. Бил дел од фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), ателјето за уметничка резба „Андон Дуков“. Со уште четворица колеги – мајстори,своите резби ги правел и под закрила на Народниот музеј на градот Охрид, а подоцна и во уметничкото ателје во работната организација "Бистра-продукт".Од 1962 год. по пензионирањето Јанко работеше во своето домашно уметничко ателје.

Негови дела се наоѓаат во многу македонски градови, во републичките центри на поранешна СФРЈ, а бројни дела има и во европските градови, во САД, Канада, Австралија и Русија.

Посмртните останки на Димче Јанко ќе бидат изложени утре,понеделник, во градската капела, од 12 до 13 часот./ преземено од ohridnews.com

Датум на објава: недела, 12 јануари 2014 во 13:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:01

коментари

остави коментар