Принцезата Кристина е првиот крвен сродник на шпанскиот крал кој воопшто под обвинение се појавил пред суд. Поканата за принцезата да се појави во суд е во врска со деловните афери на нејзиниот сопруг кој е под истрага за проневера на пари од јавни фондови.

Инјаки Урдангарин, поранешен ракометар и репрезентативец на Шпанија, осомничен е дека заедно со неговите бизнис партнери затаил над шест милиони евра, кои од сметка на фондација ги префрлил на сметките на неговите приватни компании.

Постои сомнеж дека во аферата која силно го разниша имиџот на шпанското кралско семејство, Урдангарин од фондовите наплаќал непостоечки услуги и така си ги полнел приватните сметки. Тој ги демантираше сите обвиненија.

Датум на објава: вторник, 07 јануари 2014 во 12:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар