Бен и Али се венчале во 2009 година, а со оглед на тоа дека тукушто купиле нова куќа решиле фотографиите од венчавката да ги направат во новиот дом кој требало да биде нивна иднина.

Две и пол години по смртта на Али, Бен и Оливиа се вселиле во новиот дом, а за да се простат од мајката и сопругата, направиле неколку фотографии кои изгледаат токму како тие од венчавката.

„Многумина ме прашуваат како се чувствував за време на снимањето. Меѓутоа, сакам да знаат дека ова не е приказна за тага, загуба и болка. Да, јас минав низ сите тие емоции, но не сакам луѓето тоа го гледаат на овие фотографии. Ова е приказна за љубов“, рекол Бен.

Датум на објава: среда, 18 декември 2013 во 12:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:21

коментари

остави коментар