Саемот ќе се одржи под слоганот “Книги за сите генерации“, а ќе трае до 10 jануари 2014 година. Сите изданија на “Феникс“ ќе се продаваат со попусти од 50-80 проценти, додека заедно со другите изданија ќе бидат изложени во двете книжарници на издавачката куќа на ул. “Борка Талески“ бр.48 (кај Универзална сала) и на ул. “Московска“ бр.5 (кај пазарот Тафталиџе). Просечната цена на книгите ќе биде 100 денари, додека боенките, сликовниците, лектирите ќе се продаваат по цени до 50 денари.

- Целта е на сите заинтересирани читатели, ученици, студенти и граѓани да им се овозможи да набават книги како најубав, но и најевтин подарок за другите, но и за нив, велат од „Феникс“.

Инаку, во текот на едномесечниот “Новогодишен саем на книгата“ во “Феникс“, ќе се одржат повеќе промоции, трибини, средби со писатели, курсеви за креативно пишување, сликање и дизајн на книги,  а ќе бидат соопштени и добитниците на наградата “Прозни мајстори“.

Во просториите на Културниот центар “Феникс“, пак, покрај постојаната поставка на новосоздадените ликовни дела во “Галеријата на познатите“, ќе бидат организирани и повеќе ликовни изложби, креативни работилници и други книжевни презентации, информира организаторот. 


коментари

остави коментар