„Девојките се класични спонзоруши и очигледно се подготвени на се. Но, кој можел и да сонува дека ќе отидат толку далеку“, изјавил еден нивен познаник за Јутарњи лист.

28-годишните близначки веќе се зад решетки, а хрватските медиуми ги нарекоа „Близначките од пекол“.

Според досегашни сознанија, двете сестри, за кои малку се знаело бидејќи дури од неодамна живеат во Пореч, а претходно живееле во Белград и во Белорусија, убиството го планирале од чисто материјален интерес. Имено, едната од нив извесно време била во врска со богатиот угостител, кој дури и купил и стан во кој двете живееле.

Но, „спонзорот“ не го препишал станот на девојките и кога врската „пукнала“, побарал да се иселат. Тоа ги загрижило и налутило девојките и побрзале да се „ослободат“ од газдата пред тој присилно да ги исели. Наговориле еден свој врсник на кој му ветиле и 50.000 евра ако го убие Мурати. Кога момчето се обидело да се „извлече“, тие и него му се заканиле.

Исплашено за своја безбедност, момчето случајот го пријавило во полиција. Мурати пак, кога од полицијата дознал дека девојките планирале негово убиство, избегал од градот.

Датум на објава: недела, 08 декември 2013 во 16:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:25

коментари

остави коментар