Нејзин избор беше ланче со кристали од модната куќа Зара кое чини само 20 фунти, но во овој случај исклучително добро одбраниот детаљ го освежил нејзиниот изглед.

Нејзиниот стил е ненадминат, па дури и обични парчиња стакло залепени на метал делуваат скапоцено и отмено. Ова евтино парче накит едноставно го „оживеа“ фустанот во крем боја на дизајнерот Роланд Мурет.

Ланчето е поврзано во четири низи со обичен цинк, а во комбинација со лежерно собраната коса војвотката блеска.

Кејт заедно со нејзиниот сопруг се појави на премиерата на филмот посветен на Нелсон Мендела. Веста за смртта на африканскиот политичар ја примија непосредно пред почетокот на филмот.


Датум на објава: петок, 06 декември 2013 во 12:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:57

коментари

остави коментар