МВР информира дека ноќеска  околу 01,10 часот во Скопје на ул.„Никола Вапцаров“, настанала тепачка помеѓу две групи, при што во еден момент од испукан и рекушетиран проектил од оружје, испукан од непознато лице, во нога бил погоден случаен минувач А.З. (18) од с.Ново село-скопско.

Истиот е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар-Скопје.

Извршен е увид на лице место, при што се пронајдени две чаури од огнено оружје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.  

Датум на објава: недела, 01 декември 2013 во 11:38
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:55

коментари

остави коментар