Според пресудата, државата може си ја бара штетата во граѓански спор. Обвинетите не дојдоа да ја слушнат позитивната вест.
 
Адвокатите задоволни очекуваат дека апелација откако два пати ја укинуваше првостепената пресуда овој пат ќе ја потврди
 
- Се работи за сериозен процес и требаше сите докази и елементи да бидат земени во предвид. Сметам дека ова е правилна одлука и сметам овој пат ќе биде потврдена и од Aпелациониот суд, изјави  Антонио Апостолски, адвокат на Тупурковски
 
- За нас како одбрана е очекувана бидејќи упатствата на апелациониот суд беа само во правец на формални пропусти кои првостепениот суд со оваа одлука ќе ги пренебрегне изјава Светлана Савиќ, адвокат на Тупурковски
 
Тајванските кредити по трет пат ќе дојдат во рацете на апелационите судии. Од обвинителството за канал 5 потврдија дека ќе поднесат жалба на ослободителната одлука.
 
Досието Тајван, 7 години е без конечна судска завршница.
 
Првиот пат Тупурковски беше осуден на три години затвор за злоупотреба на службената положба за времето кога беше директорАгенцијата за обнова и развој. Скопска Апелација утврди сериозни пропусти во постапката на Кривичниот суд и ја укина пресудата.
Во вториот процес тој бешеослободен, Апелацијаповторно ја укина пресудата со образложение декабила нејаснаи контрадикторна.
 
Тупурковски за цело време негираше секаква поврзаност со криминал

коментари

остави коментар