Со новиот политички концепт што го изградивме, ќе ја вратиме Република Македонија на вистинскиот пат, ќе ја вратиме средната класа и ќе создадеме праведно општество, порача вечерва од Куманово лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев промовирајќи  дел од мерките за подобрување на економскиот и социјалниот статус на граѓаните.

Со новиот концепт, СДСМ ветува враќање на 15 проценти од ДДВ на фирмите и граѓаните, правичен персонален данок согласно приходот што го остварува секој поединец, правичен данок на имот, бизнисмените од данокот на добивка да донираат по 30 проценти за развој на образованието, културата и спортот во општината... И намалување на казните за 50 проценти со претходна опомена, ревидирање на Законот за извршители, укинување на данокот на доход за земјоделците, донесување на Законот за стечај се дел од мерките на СДСМ.

- Секој граѓанин што останал под стечај ќе добие социјален надоместок до пензионирање или до негово повторно вработување. Зголемување на социјалната помош за 40 проценти, зголемување на постојната парична помош по сите основи за 40 проценти, зголемување на нега за друго лице од 40 проценти и многу други мерки. Тоа ќе го направиме така што ќе зграпчиме малку повеќе од побогатите - изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

коментари

остави коментар