Во рамки на акцијата в сабота осветлувањето ќе биде изгаснато на еден час во стотици места ширум светот меѓу кои Операта во Сиднеј, Ајфеловата кула во Париз, Емпајер стејт билдинг во Њујорк, ..., па се до големите паркови во општина Аеродром.

Настанот, што годинава се одржува под мотото „Заедно можеме да ја најдеме силата за да ја претвориме инспирацијата од еден час во акција за секој час“, има за цел да го привлече вниманието кон борбата против глобалното затоплување.

- Оваа година се организира голем он-лајн концерт кој в сабота од 20:30 часот ќе биде достапен на веб порталот Popularno.mk. Исто така, се вклучува и Црвениот крст на Република Македонија кој преку своите општински организации ќе ја прошири акцијата низ целата наша држава, изјави, изјави Ѓорги Силков од Popularno.mk.

Датум на објава: четврток, 21 март 2013 во 13:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар