Како што соопштија од Академијата за судии и јавни обвинители, претседателот на ГРЕКО Марин Мрчела, ја информираше седницата за своите тековни активности, а особено за неговото присуство како предавач на тркалезна маса, организирана од страна на  Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија и наведе дека Македонија е позитивен пример за транспарентно промовирање на   тековните активности на  ГРЕКО, преку преведување, широко дистрибуирање на документите и адекватно  медиумско покривање на сите настани поврзани со ГРЕКО.

Во текот на седницата продолжи постапката на оценка и усвојувањето на извештаите на одделните држави членки во однос на Третиот и Четвртиот Круг на оценка, беа дадени  мислења и препораки во однос на повеќе документи кои се подготвуваат во разните тела на Советот на Европа и тоа Препораката 2019 (2013) на Парламентарното собрание за „Корупцијата како закана за владеењето на правото“ и Нацрт Препораката за заштита на “свиркачите“(њхстлеблоњерс).

Во однос на Република Македонија, на барање на шефот на делегацијата, со цел за обезбедување на компаративни искуства и евентуална експертска помош од земјите, членки на ГРЕКО,  во врска со изработката  на Методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика, Секретаријатот до сите делегации дистрибуираше Прашалник во однос на кој беа дадени прецизни објаснувања на самата седница.

Во поглед на Република Македонија, постапката за спроведување на Третиот Круг на оценка (во однос на инкриминациите и транспаретност на партиското финансирање, извештајот за усогласеност со зададените препораки  е навреме  испратен и се очекува датум за усвојување на конечниот извештај  за овој круг на оценка (во 2014 та година).

Во однос на Четвртиот Круг на оценка, (Превенција на корупција на пратениците, судиите и обивнителите), првичниот текст на Нацрт  Извештајот, наскоро ќе биде дистрибуиран до  Министерството за правда и до  шефот на делегацијата, а ќе биде оставен и рок за коментирање на одделните наводи од страна на релевантните домашни власти. Извештајот за оценка на Македонија за Четвртиот круг, ќе биде разгледуван и усвојуван на 62-та Пленарна седница во периодот  02-06.12. 2013-та година.

коментари

остави коментар