На средбата, Груевски обраќајќи се пред граѓаните истакна дека остануваат посветени и доследни на она што го кажале во 2006 година кога ја презеле власта.

- Ние нема да бидеме како СДСМ  и секоја година ќе одржуваме директни средби со граѓаните. Политиките што ги води Владата, политиките на ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон сите граѓани и затоа ние на овие средби разговараме за сите идеи, отворени сме за дебата, дијалог, но и критики. Ние сакаме да бидеме информирани за сите проблеми и да ги решаваме, рече Груевски.

Остануваме доследни, рече, на континуираните реформи, и  и на стратегијата да бидеме политичко движење што ќе испорачува дела за сите категории граѓани.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше средба и со граѓаните на општина Прилеп.

Датум на објава: четврток, 17 октомври 2013 во 22:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар