Бројот на нуклеарни боеви глави ширум светот се проценува на околу 17.000, истакнува Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) од Стокхолм, додавајќи дека тој број опаднал за околу 75 отсто во изминатите три децении, пред се поради големото намалување од САД и Русија.

Во меѓувреме, САД преработуваат постоечки боеви глави, а Русија распоредува повеќе боеви глави на своите ракети, додека Кина претставува нови мобилни ракети за своето нуклеарно вооружување, критикува Федерацијата на американски научници (ФАС).

ФАС проценува дека руските и американските резерви сочинуваат над 90 отсто од вкупниот број на нуклеарно вооружување во светот.

Велика британија, Франција и Кина имаат по 200 до 300 боеви глави, Индија сто, Пакистан 120 и Израел 80.

ФАС и СИПРИ проценуваат дека вкупниот број на распоредени боеви глави, поставени на ракети или кои се наоѓаат во воени бази, е околу 4.400, од кои поголемиот дел се во САД и Русија.

Американската администрација го искористи минатомесечното Генерално собрание на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), за да го повтори своето определување за свет без нуклеарно вооружување, истакнувајќи дека ќе преземе значајни чекори кон таа цел.

Во моментот постои надеж дека и САД и другите западни нуклеарни сили би можеле да го уверат Иран да ја прекине спорната нуклеарна програма. /Извор: МИА/

Датум на објава: четврток, 10 октомври 2013 во 20:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар