Таа говореше за графичкиот дизајн за видеата на новите песни, кои не само што не се соодветни за децата, кои исто така гледаат музички спотови, туку не се пристојни ни за возрасната публика.

Во отвореното интервју, Ленокс даде многу забелешки за новите музички спотови кои се пласираат по телевизиите и музичките интернет канали.

- Јас сум прва кога станува збор за слободата во изразувањето. Но некои тоа го злоупотребуваат и сосема погрешно го сфатиле, гледаат само да заработат, а пласираат мизерни видео спотови. Ги признавам артистите кои ги поместуваат табуата за сексуалните погледи на светот, но тоа се прави на уметнички начин, а не на мизерен, како што го прават дел од модерните музичари, изјавила Ленокс.

Датум на објава: вторник, 08 октомври 2013 во 19:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар