Кон Шапка веднаш се упатила нова увидна екипа на полицијата со експерти за крвни деликти, јавното обвинителство и истражен судија за на самото место да  проценат дали поради временските условите, темницата и слично увидот ќе биде извршен во текот на ноќта или утре. Местото постојано се обезбедува од полицајци од полициското одделение на Попова Шапка.

Инаку хотелот Гранит целосно изгоре откако денеска околу пладне бил зафатен од пожар. Огнот најпрвин бил забележан во ресторанскиот дел за потоа да се прошири насекаде зафаќајќи ја и покривната конструкција на хотелот. Во гасењето учествувале три возила и 10 пожарникари на тетовската противпожарна територијална единица кои го локализирале и изгаснале пожарот.

- Од наша страна беа преземени сите мерки. Интервениравме тука со  3 возила и 10 пожарникари а пожарот кај нас го пријавиле полицајци од Попова Шапка. Тој е веќе ставен под контрола но се уште не ги знаеме причините зошто избувнал огнот во хотелот – изјави Ука Алити, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

При увидот на стручните екипи кои ја утврдувале вкупната материјална штета и причините за избувнување на пожарот во внатрешноста на хотелот било пронајдено безживотното тело чиишто идентитет дополнително ќе се утврдува.

Датум на објава: вторник, 08 октомври 2013 во 18:53
Атанас Соколовски
Обновено во: 19:44

коментари

остави коментар