Мерон го именувал тричлениот совет на барање на обвинетиот за воени злосторства Радован Караџиќ.

Тој барањето го поднел минатата недела, а во него предложил советот да размисли за евентуално именување на „пријател на судот“ кој во име на обвинителството би барал докази за вистинитоста на информацијата дека Дел Понте на Американците им го дала тајниот список на сведоци на одбраната на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

Според Б92, барањето се темели врз доверлив документ на амбасадата на САД во Холандија, а кој бил објавен на Викиликс.

Датум на објава: среда, 02 октомври 2013 во 10:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:02

коментари

остави коментар