Според информации од досегашната истрага од жртвите се барале големи суми на пари -  до неколку стотици илјади евра.

На лекар му се заканувале дека ќе објават дека работи без лиценца и со сомнителни материјали. 

На друг му се заканиле со досие од Државниот архив, иако не било предмет на лустрација. Му барале 30 илјади евра и му се заканувале по живот:

-Твојот кодошки живот вреди 30 илјади евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш ќе почнеме од жена ти па се по ред. Купи си го гревот до недела. Била една од пораките кои стасале до оштетениот.

Според  сознанија на органите на прогонот, тој, преплашен за својот живот, парите ги фрлил на задното седиште од автомобилот на заканувачот, како што било договорено.

Познат поранешен функционер бил уценуван во Белград за 200 000 евра.

Деветмина од приведените во Шпион кои денеска добија 30 дневен притвор покрај за други дела се осомничени и за уцена.

коментари

остави коментар