Танчaри и пејачи денеска го привлекоа вниманието на стотина граѓани. Главниот настан е планиран за втори октомври на полноќ кога голем број политичари, претседатели и премиери, дипломати и холивудски ѕвезди ќе го пренесуваат факелот на мирот од една во друга скопска општина.

Во центарот на Скопје ќе се одржи и седница за мирот, а музичките ѕвезди ќе ја испејат глобалната химна за мир. Датумот 2-ри октомври е избран бидејќи на овој ден се прославува  роденденот на Махатма Ганди, кој воедно се одбележува како Меѓународен ден против насилството.

Датум на објава: сабота, 14 септември 2013 во 17:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар