Списанието објави интервју со Шекеринска по повод одбележувањето на 10-годишнината од трагичната смрт на поранешната шведска министерка за надворешни работи Ана Линд.

Во 2001 година, во текот на Шведското претседателство со ЕУ, Ана Линд отпатува за Македонија за да се обиде да ја спречи војната која се закануваше да избувне во земјата. Таа патуваше во состав на ЕУ-тројката, заедно со Хавиер Солана, висок претставник на ЕУ за надворешно-политички прашања и еврокомесарот Крис Патен.

– Нејзината насмевка ги вчудоневиди здрвените луѓе на власта. Нејзиното држење се спротивстави на војната и беше многу брза да потенцира дека насилството мора да се избегне. Не потсети на човековите права и правата на малцинствата. Под Ана Линд ЕУ зборуваше со еден глас - и НАТО и САД се согласија. Тоа беше голем потфат, вели Радмила Шекеринска, актуелна потпретседателка на СДСМ и пратеник.

Преговорите резултираа со Охридскиот договор, кој доведе до обемни промени во Уставот и другите закони. Меѓу другото, беше зајакната положбата на малцинствата и малцинските јазици.

– Ана Линд подвлече дека стабилноста мора да оди рака под рака со демократијата. И бараше респект за сите малцинства, укажува Шеќеринска.

Датум на објава: четврток, 12 септември 2013 во 10:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:35

коментари

остави коментар