Падна бугарската влада. Премиерот Бојко Борисов и владините министри поднесоа оставка, поради неколкудневните протести против високите цени на струјата и мерките на штедење.

„Не сакам да учествувам во Влада во која полицијата ги тепа граѓаните. Имаме достоинство и чест. Народот нас ни ја довери власта, а ние денеска им ја враќаме“ изјави Борисов пред бугарскиот парламент, додавајќи дека нема да учествува во работата на преодната влада.

Ваквиот расплет следи една недела од почетокот на протестите во повеќе бугарски градови, кои синоќа добија драматични размери во Софија, кога беа повредени 11-мина, а 23-ца беа уапсени.

Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Редовните парламентарни избори треба да се одржат во јули, но според аналитичарите во Бугарија, можно е тие да се одржат и порано.

Датум на објава: среда, 20 февруари 2013 во 12:52
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар