Косовските  државјани, од ноќеска на  полноќ  плаќаат  надомест по 2 евра за влез во  земјава, за автомобилите се наплаќа 5 евра , а за автобусите и транспортерите по десет евра.  Косовските државјани велат дека се изненадени од мерката , а   на граничниот премин за влез  чекаат по еден час.
“Чекавме еден саат , плативме две евра. Не знаеме зошто е воведена оваа мерка“ изјави косовски државјанин.

“ Платив две евра  од човек, чекам еден саат и  тоа е најверојаното проблемот што се чека многу“ изјави косовски државјанин.

   Мерката е донесена од македонската влада како одговор на едностраната мерка од косовска страна со која се забранува увоз на десетина македонски производи.  Косово  пред  три дена без најава, разговори и било какви предупредувања  ја воведе мерката за забрана за увоз на македонски производи.  Наводно причината  на Косово е условениот увоз на брашно, иако Македонија мерката  ја  воведе кон сите земји, согласно домашното и меѓународното право. Од друга страна  Косово во Македонија учествува со увоз на брашно со само 2% .  Дека потегот од косовска страна е нелогичен   констатираа и  експертите.   Македонската влада  на втори септември  ја укина одлука за условен увоз на пченица, тогаш владиниот портпарол изјави дека одлуката за условениот увоз на брашно се очекува да се укине во втората половина на септември .

“Финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на брашно во земјата, и се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно од странство во првата половина на идниот месец бидејќи и за тоа  се создадени услови. Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство, цениме дека истите ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања“ изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада на Р. М.

Токму поради овие информации, експертите од меѓународна трговија велат дека  косовската забрана не е базирана од економски причини, туку поради претстојните политички избори на Косово, со што косовската влада се обидува да добие политички поени кај косовските граѓани. 

коментари

остави коментар
  1. 2 evra ????? sramota e toa... barem 20 trebalo...za da osetat.. a valdava si gi stiti nasite proizvoditeli na brasno.. toa site drzavi go pravat...javno ili site go pravat
  2. Bravo za nasata vlada,za nasite kontra merki...Samo napred...pozz Strumica