На територија на општина Кичево, кај селото Осломеј вчера се појави пожар на непристапен терен, со кој е зафатена ниско стеблеста шума.

Поради непристапноста на теренот гасењето од копно е оневозможено и по барање на градоначалникот на општина Кичево, Дирекцијата за заштита и спасување утринава во 6:40 часот се активирани двата противпожарни авиони Ер трактор за да се локализира пожарот и да не се дозволи тој да се прошири.

Во Македонски Брод вчера се појави пожар за кој според последните информации на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување нема потреба од ангажирање противпожарни авиони. За локализирање на пожарот се анагажирани околу 40 лица од ЈП „Македонски шуми“ и Територијална противпожарна единица.

Се очекува во текот на денот пожарите да бидат локализирани.

Вчера избувнал пожар и во општината Чучер-Сандево, на потегот кон Блаце, но тој е локализиран. 


Датум на објава: петок, 06 септември 2013 во 11:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар