Станува збор за четиригодишен проект на Министерството за животната средина за заштита на белите штркови, за што се обезбедени 350.000 куни. Тоа значи дека ќе има пари за околу 500 гнезда.

Парите ќе се исплаќаат на сопственици на имоти, каде имаат гнезда штрковите, за да не ги уништуваат и да се грижат за нив.

Официјално потпишување на проектот, кој ќе се финансира од фондот за заштита на животната средина и од локалните власти, е планирано за септември. Засега согласност за учество во проектот дале 11 од вкупно 20 области во земјата.

Во Хрватска има околу 1.300 гнезда на бели штркови, но нивниот број постојано се намалува поради урбанизацијата и загадувањето на животната средина./МИА



коментари

остави коментар