Напаѓачот е уапсен . Од снимките се гледа како седуммина полицајци апсат маж , белец , облечен во темно црвена  блуза и го ставаат во полициски џип . Сенаторот на Флорида, Бил Нелсон изјави дека има бројни жетви . Бројот на убиени или повредени се уште не е потврден

Според локалните медиуми борјот на повредени е 20 , додека пожаникарната единица соопштува дека има од 20 до 50 повредени ученици и наставници .

Пукањето се случило кога завршувале часовите и во тој момент во училиштето имало околу 2 000 ученици . Бриојни возила на итна помош и полициски возила се на самото место .



Полицајците се во средното училиште во Паркленд в потрага по напаѓачот . Десетици ученици излегуваат од учениците , многу од нив со кренати раце.


Претседателот Доналд Трамп на твитер изрази сочуство до семејствата на загинатите и порача дека децата и наставниците во ниедно училиште во САД не смеат да се чуствуваат небезбедно . 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 22:21
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:58

коментари

остави коментар