Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров рече дека на протестите што ги организираат низ Република Македонија бараат безусловно запирање на преговорите и отстапување од негово решавање и од барањата за членство во НАТО и во ЕУ. Не мисли дека ваквите барања се екстремни на кои не им е местото во 21 век.

Поранешниот новинар Тодор Пендаров рече дека ваквите тези се патетични како и подигнатите споменици од претходната влада. Според Пендаров прашањето за името треба да се реши во законодавниот дом со договор а дека референдумот би бил успешен доколку би се организирал. Според Петров проблемот на Грција со нашето уставно име е всушност ,,измислен ,, проблем за да го прикријат огромниот број на присвоени имоти по протерувањето на Македонците во граѓанската војна во 1948 г. Пендаров вели дека имотите на протераните Македонци ги зеле нивните роднини.

И двајцата  не веруваат во анкетите како објективен репер за одредена состојба , бидејќи би можело да се штелувани, како што призна Петров дека и тој штелувал анкети во минатото. 

Петров смета дека проблемот со името може да се реши на тој начин што Република Македонија би побарала од генералниот секретар на Обединетите Нации да не заведе под името Република Македонија, што според Пендаров нема да се одвива воопшто лесно односно никако бидејќи и во ООН може да не оспори Република грција.

Пендаров и Петров се согласија во едно дека од самиот почеток Македонија ова прашање не го поставила на основата која ја заслужува и дека дипломатијата во цело ова време во однос на ова прашање не била соодветно водена.  

Погледнете ја вечерашната „Само вистина“

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 21:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:03

коментари

остави коментар