Според соопштението на Владата , традиционално, по повод денешниот празник, премиерот Заев учествуваше во закројување на лозјата во винарницата Попова Кула во Демир Капија, а присуствуваше и на дегустација и лицитација на повеќе видови на вино од хуманитарен карактер, во винарницата Кралица Марија во Демир Капија.

При посетата на винарниците, премиерот Заев, оствари средба со претставници од бизнис секторот, сопственици на повеќе винарници и откупувачи на грозје, при што беа разменети искуства и сугестии за подобрување на состојбите во овој сектор.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 17:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар