Премиерот Заев и денеска  не откри за која географска одредница се преговара, но повтори дека е оптимист, иако од седумте точки на маса, остануваат уште 4 отворени.

- Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции, изјави  премиерот Зоран Заев.
Заев и денеска повтори дека се преговара за достоинствено решение,кое не опфаќа промена на уставот и идентитетот.

- Веројатно тие беа најлесните, но добро, тоа е сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение. Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев .

Ципрас пак пред два дена повтори дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови, 


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 14:09
Елизабета Галевска
Обновено во: 14:55

коментари

остави коментар