Сликите и снимките го преплавија Твитер откако патниците живи и здрави слетаа на аеродромот во Хонолулу.

Патниците на летот на Јунајтед Ерлајнс од Сан Франциско до Хонолулу, се треселе од страв откако едниот од моторите на авионот почнал да ги губи своите делови во текот на летот.

„Никогаш во животот не сум била поуплашена“ – напишала една од патничките.

„Авионот на летот 1175 до Хонолулу безбедно слета откако пилотот побара дозвола за итно слетување после губењето на маската на моторот. Пилотите го следеа протоколот за безбедност и успешно го приземјија леталото. Авионот најнормално стигна до својот терминал и патниците излегоа“ – се наведува во соопштението на компанијата „Јунајтед Ерлајнс“.



Компанијата не соопшти поради која причина заштитниот дел од покривот на моторот почнал да отпаѓа во текот на летот.

Авиокомпанијата сепак потврди дека станува збор за Боингот 777-222, кој е произведен во 1994 година.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 13:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар