Лондонската полиција потврди дека во болница починал 40 годишен работник на аеродромот, кој во болница е префрлен после судирот на возила во близина на Терминалот 5, пренесува британскиот весник „Сан“.

Амбулантната служба соопшти дека тој маж има срцев удар после судирот и лекарите не успеале да му го спасат животот.

Вториот аеродромски работник е префрлен во болница со повреда на рамената.

Портпаролот на Скотланд Јард изјави дека службата добила повик од аеродромот во 6 часот наутро во кој било наведено дека дошло до судир на две возила на аеродромската писта.

Еден од сведоците изјавил дека и излезот бил опколен со голем број возила на аеродромската служба, како и дека биле присутни две пожарникарни возила.

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 13:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар