Ваквата одлука била донесена на вчерашната владина седница. Иако „Мерцедесот“ бил купен за 600.000 евра, сепак стартната цена на лицитацијата, согласно проценката на Бирото за судски вештачења, изнесува 230.000 евра.

Владиниот портпарол уверува - странските делегати кои ќе доаѓаат во Македонија ќе бидат обезбедени на највисоко ниво и без „Мерцедесот“.
„Високите гости во Македонија ќе се обезбедуваат како и досега, со највисоки безбедносни стандарди, целосно испочитувани. Нема да има никаква разлика во тоа како се обезбедуваат највисоките политичари што доаѓаат во посета на Македонија. Мерцедесот е симбол на едно време кое што сакаме да го оставиме зад нас.“, изјави  Миле Бошњаковски.

Токму за овој автомобил, Специјалното Обвинителство го води судскиот случај „Тенк“. За наредното рочиште закажано в петок, како одбраната така и од страна на СЈО, треба да бидат презентирани воведните говори, откако судот во понеделникот ги одби сите приговори на адвокатите на обвинетите.


Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 12:41
Тамара Стојкова
Обновено во: 15:01

коментари

остави коментар