Во Охрид, состојбата се нормализира, со снабдувањето со електрична енергија откако се санирани дефектите. Се уште има испади од системот, но тие се краткотрајни и не предизвикуваат поголеми проблеми.

Во Струга, поради поголем дефект во системот за напојување со електрична енергија без струја се делови на градот и речиси сите села во општината. Во прекин е и водоснабдувањето, а проблем има и во одвивањето на сообраќајот поради неисчистените локални патишта.

Општина Дебрца е надвор од електричната мрежа, но се работи на отстранување на дефектот. Се очекува нормализирање на состојбата во однос на снабдувањето со електрична енергија. Проблем има и со водоснабдувањето во некои села, а непроодни се и патиштата што водат кон селата на повисока надморска височина.

Престанокот на врнежите и стабилизацијата на времето ја олеснува работата на службите кои се ангажирани на санирање на системите за електро и водоснабдување, како и на службите за расчистување на патиштата. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 12:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар