Планирано е премиерот Заев да оствари средби со земјоделците од овој крај и да се сретне со градоначалниците на Кавадарци и Неготино.
Традиционално, лозарите на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар