Мајката , конечно по пет месеци денеска го доби бебето , откако во Габон се собраа доволно средства од хуманите .

И претседателот на Габон ,Али Бонго се приклучил кон донаторската кампања со цел да се соберат 3 630 долари за да може бебето да излезе од болница .
Мајката во изјава за медиумите им се заблагодари на хуманите и рече дека единствено и е жал што го изгубила млекото за овие пет месеци и не може да ја дои Ангела . Вчера бил уапсен и директорот на приватната клиника под сомнение за киднапирање бебе , но набргу бил ослободен .

Сумата што ја барала клиниката требало да се плати за сметката за бебето , кое било предвреме родено и 35 дена било во инкубатор.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 22:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар