Во пресрет на партискиот конгрес , на кој членовите треба да се изјаснат дали да влезат во коалиција со десничарите од ЦДУ на Ангела Меркел , лидерто на СПД , Мартин Шулц Вечерва си поднесе неотповиклива оставка . Тој на прес конференција соопшти дека раководството на партијата едногласно ја именувало Андреа Налес за негов наследник .

Оставката на Шулц доаѓа само на три  дена по постигнатиот коалициски договор со десницата , во кој Социјалдемократите добиваат уште три министерства , меѓу кои и клучните , за финансии  , за надворешни работи и за труд .

По долгите преговори , остана само уште 460 000 партиски членови да се изјаснат за договорот.

Против коалицирањето со партијата на Ангела Меркел веќе се изјасни подмладокот на СПД.
Во петокот Шулц најави дека се откажува од местото Министер за надворешни работи во новата влада .

Канцеларката Ангела Меркел , која изјави дека биле направени големи отстапки од нејзина страна за да се формира коалициската влада , сега останува во неизвесна положба.

Меркел во неделата изјави и дека не е исклучено одржување на нови вонредни избори , доколку Социјалдемократите не го поддржат договорот постигнат со раководството на партијата .

Но , според Германските медиуми , новите избори би можеле да ја втурнат земјата во политичка и финансиска криза .

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 21:24
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:28

коментари

остави коментар